|
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ги известува граѓаните дека во недела, 26.04.2015 г. по повод локалниот референдум за зачувување на надворешниот изглед на Градски Трговски Центар (ГТЦ), ќе ја отвори канцеларијата за граѓаните на Општина Центар да пријавуваат евентуални повреди на гласачкото право. Покрај отворената канцеларија, Комитетот ќе распореди набљудувачи на изборните места во општината, согласно објавеното Упатство на Државната изборна комисија. Набљудувачите на Комитетот ќе бидат надвор од изборните места и во комуникација со акредитираните набљудувачи на другите невладини организации кои го набљудуваат процесот. Доколку граѓаните имаат сомнение за повреда на гласачкото право во форма на агитација, заплашување или друга форма ќе можат веднаш да се обратат до наљудувачите кои ќе носат маици со логото на Комитетот.
|