|
Четврто ниво е едносеместрален курс застапен со 4 часа неделно. Курсот трае 14 недели. До крајот на овој курс, студентите би требало да бидат на ниво Б2 според усогласените европски стандарди. Студентите би требало да се способни да ги разберат главните идеи изнесени со јасен стандарден говор на познати теми, да разберат говор или предавање на позната тема. Исто така треба да се способни да разберат текстови, статии и известувања сврзани со современи теми и проблеми во кои што авторот застапува ставови или мислења. Студентите би требало да се способни да започнат или да водат разговор на познати теми или теми од општ интерес и да напишат јасен и организиран краток или подолг состав на познати теми или теми од личен интерес.
|